Поврзете се со нас

Свет

Медел го обелодени омилениот клуб на Видал: Умира од желба да заигра за нив

Објавено

на

Артуро Видал брка навистина импресивен рекорд оваа сезона и денеска призна дека ќе биде навистина лудо да стигне до деветта последователна титула во домашните првенства во Европа, успех кој Чилеанецот го започна во Јувентус, го продолжи во Баерн, а сега го надоградува во Барселона.

„Кинг Артуро“ минатата година ја освои првата титула во Примера, но сега атакува на втората и пред рестартот на сезоната, јасно стави до знаење дека не му недостасува мотивација да оствари нов голем успех со неговите соиграчи.

Од друга страна, постои голема веројатност ова да биде последна сезона за Чилеанецот во Барселона, а бидејќи се поврзува со неколку звучни клубови во последно време, треба да се издвои и денешната изјава на неговиот сонародник, Гари Медел.

– Артуро Видал сака да игра во Бока Јуниорс со мене, или без мене. Можам да кажам дека тој ја обожава Бока и ги следи на социјалните мрежи.

– Тоа е единствениот клуб кој го следи во Аргентина и умира од желба да заигра за нив еден ден. Сака одблиску да ја доживеа сета таа страст и атмосфера во Аргентина, – открива сонародникот и репрезентативен колега на Видал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни