Поврзете се со нас

Македонија

Мециновиќ ја засили одбраната на Вардар

Објавено

на

Искусниот Јасмин Мециновиќ ќе го засили Вардар во веќе започнатата сезона, потврди денеска скопскиот клуб.

Откако го назначи Горан Петрески за нов тренер, Вардар реши да доведе уште едно освежување во одбраната, а 33-годишниот Мециновиќ треба да влијае позитивно на играта со своето големо домашно и интернационално искуство.

Последен клуб на Мециновиќ беше новиот прволигаш Беса, а претходно има настапувано и за Скопје, Македонија Ѓ.П, Ренова, Пелистер и Струга.

Дефанзивецот се испроба и во клубови во странство и настапуваше во повеќе земји, меѓу кои и Молдавија, Норвешка, Унгарија, и Ерменија.

Вардар во претстојното трето коло од ПМФЛ се среќава со Шкупи, а досега освои три бода по два одиграни натпревари.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни