Италија
Мечот меѓу Џенова и Јувентус ќе се игра зад затворени врати
Утрешниот меч од Серија А меѓу Џенова и Јувентус закажан за терминот од 18 часот ќе се игра без присуство на публика.
Домашниот тим е казнет поради проблемите, немирите, инцидентите што се случија пред и по натпреаврот со градскиот ривал Сампдорија во Купот на Италија.
Доста луѓе беа повредени, уапсени, па сега дојде казната според која Џенова ќе мора да го пречека Јувентус зад затворени врати и воедно нејзините навивачи добија забрана за присуство на трите наредни гостински мечеви против Аталанта, Лацио и Парма.
Истата санкција се однесува и за второлигашот Сампдорија за кого настапува нашиот Никола Секулов.
Сампдорија ќе биде без публика против Јуве Стабија, плус ќе ја нема поддршката на гостинските средби со Модена, Чезена и Читадела.
-
Свет12 часа
Гвардиола за најголемиот фудбалер на сите времиња: Никогаш не сум видел некој како него…
-
Свет5 часа
Роналдо се сретна со Шчесни и привлече внимание со коментарот кој му го даде за трансферот во Барса (Видео)
-
АТП15 часа
Ѓоковиќ не беше задоволен од реакцијата на своите блиски соработници кои сега се во тимот на Синер (Видео)
-
Лига на нации15 часа
Кин за англиската ѕвезда: Не можам да поверувам колку е лош, подобри тимови…
-
Лига на нации24 часа
Најдобар исход од вториот меч во нашата група: Македонија ќе игра во повисок ранг во Лигата на нации!
-
Италија14 часа
Бонучи го „избриша“ Милан од трката за Скудетото: За титулата ќе се борат…
-
Лига на нации10 часа
Норвешка потопена, Халанд на „тапет“: Знаев дека ќе побегне…(ВИДЕО)
-
НБА12 часа
Јокиќ трчаше, Вестбрук му мереше време: Многу си брз (ВИДЕО)