Мецелдер дистрибуирал детска порнографија, полицијата влегла во неговиот дом

mecelder

Поранешниот германски репрезентативец, Кристоф Мецелдер се најде во фокусот на медиумите откако полицијата потврди дека упаднала во неговиот дом и одземала компјутер, мобилен телефон и други предмети.

Некогашната ѕвезда на клубови како Борусија Дортмунд, Шалке 04 и Реал Мадрид е под обвинение дека поседува, па дури и дистрибуирал содржини поврзани со детска порнографија, нешто што би било сериозен проблем за Мецелдер доколку биде потврдено со доказите.

Инаку, полицијата реагирала по пријава на партнерката на Мецелдер, на која наводно и испратил фотографии со спорна содржина. Засега поранешниот фудбалер не е уапсен, а полицијата го пронашла во училиште каде тој посетува часови за добивање тренерска лиценца, по што во негово присуство го „чешлале“ и неговиот дом во Диселдорф.

Facebook Коментари