Поврзете се со нас

Франција

Мбапе: „Златната топка“ е цел за секој голем играч, јас сум еден од нив

Објавено

на

Килијан Мбапе иако има само 22 години веќе неколку сезони игра на највисоко ниво и е во редот на најдобрите играчи на светот.

Тој е одличен во дресот на Пари Сен Жермен, но и во француската репрезентација и се чини прашање на време е кога најпрестижната награда „Златната топка“ ќе заврши во неговите раце.

Самиот Мбапе признава дека сака и цели истата да ја освои иако секако приоритет се колективните титули и успеси.

-Првата колективна цел е освојување на најголемите трофеи. Ама „Златната топка“ е цел на секој играч кој се стреми да биде најдобар. И јас сум еден од нив. Но, премногу е дрско да се зборува за тоа, -вели Французинот на кога неговата цена на трансфер пазарот.

-Мојата пазарна цена е 180 милиони евра, но дали размислувам за тоа наутро? Воопшто не. Така функционира во фудбалот. Парите не ми влегуваат во џеб. Имам страст кон фудбалот и имам шанса да живеам од својата работа. Јас само се обидувам да им помогнам на моите тимови (ПСЖ и Франција) да триумфираат, -порача напаѓачот за кого најзагреан е Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни