Поврзете се со нас

Свет

Мбапе збеснал поради изјавата на Жиру, Дешамп реагирал и не дозволил бура во јавноста

Објавено

на

По крајот на мечот меѓу Франција и Бугарија, цела светска јавност зборуваше за повредата на Карим Бензема и француските медиуми стравуваа за непријатна повреда која може да го остави без Европско првенство, сценарио кое експресно го отфрли селекторот на актуелниот светски првак, Дидие Дешамп.

Предводникот на Французините истакна дека не станува збор за ништо драматично и Карим ќе биде подготвен за континенталниот турнир, пред кој сепак морал да смирува една голема тензија која настанала во тимот по последната победа на контролката.

Како што јавува угледниот „Л’Екип“, Дешамп морал да го смирува нерозвниот Килијан Мбапе кој сакал да закаже прес-конференција и да излезе со своја верзија за изјавата на еден соиграч, за кој сметал дека индиректно го прозвал во јавноста по триумфот над Бугарија.

Оливие Жиру беше човекот кој го замени Бензема пред крајот на првиот дел, па иако имаше дискретни 40 минути, во самата завршница постигна два гола и докажа дека е вистински мајстор кога ќе добие топка на правилно место.

– Луѓето ќе кажат дека сум имал дискретен меч, но едноставно топките не стигнаа до мене. Јас се обидував на секаков начин да им се отворам и да им дадам решенија во шеснаесетникот, – гласи изјавата на Жиру која многумина ја протолкуваа како директна прозивка до играчите од нападот за себична игра.

– На крајот, добив две добри асистенции од Бен Једер и Павар и можев добро да го затворам мечот, но ако бевме поефективни, ќе дадевме многу повеќе голови, – додаде напаѓачот кој со својата изјава посебно го изнервирал Мбапе кој сакал да закаже прес за да излезе со своја реакција за зборовите на соиграчот.

„Л’Екип“ информира дека Дешамп реагирал и бил миротворец во дадената ситуација, односно успеал да ја натера големата ѕвезда да заборави на изјавата на Жиру и да се концентрира на она што следи, големиот турнир и походот кон европската титула.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни