Поврзете се со нас

Франција

Мбапе збесна на теренот како никогаш претходно, мораше да интервенира и Покетино (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Килијан Мбапе го отвори резултатот на „Паркот на принцовите“ со одлична завршница и ја најави победата на ПСЖ над Брест, но набрзо после тоа, можевме да видиме една од неговите најбесни реакции на теренот откако е дел од професионалниот фудбал.

Напаѓачот на ПСЖ се разлути како никогаш досега и влезе во конфликт со неколку противнички играчи, но имаше и забелешка за судиите за кои сметаше дека не го протектираат во дадената ситуација.

Мбапе доби жолт картон за протестите и тоа дополнително го налути, порадишто мораше да биде смируван и од страна на Маурисио Покетино кој се обидуваше да спречи и исклучување.

– Се случува истото како и секогаш, едноставно не знаете да судите во оваа лига, – им порачал Мбапе на судиите за време на нервозниот излив на емоции.

Од оваа мешаница, со жолт картон излезе и Магнети од противничкиот табор, а Мбапе го одигра цел меч кој на крајот ПСЖ го доби со конечни 2:0 (вториот гол беше дело на Керер).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни