Поврзете се со нас

Франција

Мбапе за страшната сума која ја заработува: Си ги заслужувам парите, не сум украл од никого!

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Ексклизивното интервју кое го направил Килијан Мбапе за „Envoyé Spécial“ ќе биде емитувано оваа вечер, но новинарката која била дел од разговорот денеска сподели уште еден важен извадок од конверзацијата која ќе донесе многу наслови за медиумите.

Познатата новинарка Елиз Лусет ја имаше честа да го „опипа“ Мбапе на теми кои немаат баш некоја потесна врска со фудбалот, меѓутоа поставила и сензитивни прашања како што се финансиите кои ги заработуваат фудбалерите.

Според многумина, парите кои се вртат во фудбалот станаа нереални и платите кои ги добиваат фудбалерите се незаслужени и изгледаат потценувачки кон некои други професии, но така не мисли и Мбапе кој признал и дека не знае колку точно заработува.

Магазинот Форбс пред неколку месеци објави дека Французинот во 2023-та година инкасирал неверојатни 100 милиони евра вклучувајќи ги сите договори кои ги има, а Мбапе вели дека навистина го заслужил она што го заработил.

– Вистината е дека не знам колку точно заработувам годишно. Но кога го почнував ова, не знаев колку многу се заработува од фудбал. На 12 години не знаев колкави пари се вратат во фудбалот, јас го правам тоа што го сакам. Ги заслужувам парите кои ги заработувам, не сум украл ништо од никого. Така функционира светот во овој момент и тоа е фудбалската реалност, – изјавил Мбапе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни