Поврзете се со нас

Англија

Мбапе за сонародникот: Тој е еден од најдобрите стопери во Премиер лигата

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_English

Килијан Мбапе ќе ја има улогата на лидер на Франција на престојното Европско првенство каде амбиците се највисоки, освојување на пехарот.

Мбапе иако не е најстар, најискусен ја има и улогата на капитен што значи и поголема одговорност на теренот и надвор од него. Напаѓачот мора да биде и продолжена рака на селекторот, па во таа конотација оди и неговата последна изјава дадена за Вилијам Салиба кој се обидува да се наметне во националниот состав.

-Го познавам од кога беше многу, многу млад. Бевме во исто основно училиште во Бонди. Игравме фудбал заедно на нашите паузи, иако не бевме во иста година, но тој побара да игра со нас. Дозволивме затоа што веќе беше голем! Тогаш татко ми го тренираше во АС Бонди. Јас сум три години постар од него, па го гледав како расте следејќи го неговото патување и неговите игри внимателно.

-Тоа што го видов во репрезентацијата, ме направи навистина среќен. Се обидов да го интегрирам во групата што е можно побрзо. Оваа сезона тој стана многу важен играч за Арсенал и е меѓу најдобрите централни бекови во Премиер лигата.

-Тој почнува да добива минути со нас. Сега останува на него да го најде своето место. За мене, тој ги има сите квалитети со тек на време да биде стартер во Франција. Го гледам неговото патување со гордост на постар брат. Нема табу меѓу нас и се задеваме. На пример, често му велам дека сака да биде ѕвезда на Бонди, но дека тоа никогаш нема да се случи, -истакна Мбапе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни