Поврзете се со нас

Шпанија

Мбапе за потегот на Винисиус: Не дојдов тука за да ги форсирам работите….. (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Килијан Мбапе вчера ги постигна првите два гола на „Сантијаго Бернабеу“ и самиот се избори за првиот по додавање од Феде Валверде, додека за вториот доби прилика од Винисиус Жуниор кој му ја остави топката на фантастичниот француски голгетер.

Вини беше играчот на Реал кој го изведе пеналот против Лас Палмас, но самиот Бразилец сега му порача на Мбапе дека тој треба да го изведе ударот од 11 метри, нешто што наиде на голем поздрав од навивачите на Реал.

Карло Анчелоти побара од своите ѕвезди сами да се договараат за казнените удари и да носат одлуки на теренот, па добрата комуникација вчера заврши со гол за 2:0, но и коректна изјава од Мбапе по крајот на мечот.

– Луѓето ќе зборуваат за мене и Винисиус и тоа е нормално. Ние сме двајца познати играчи, јас сега се обидувам да учам од него, ги учам неговите движења, што сака на теренот, а што не…..

– Постои комуникација за пеналите, тој го изведе првиот, јас вториот. Тренерот ни дава слобода сами да бираме. Не дојдов тука за да ги форсирам работите, сакам се да испадне природно и засега одлично ни оди. Пристигнав во клубот со голема понизност, сакам да бидам добар на теренот со сите соиграчи, но исто така и надвор од него, – изјави Мбапе.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни