Поврзете се со нас

Шпанија

Мбапе за најболната епизода од животниот сон: Која е поентата да потпишете за Реал и да му ја уништите кариерата на својот брат?

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Килијан Мбапе се врати на вистински пат на натпреварот против Џирона и брзо се рехабилитираше од големиот шок против Атлетик Билбао, натпрвар на кој не реализираше пенал и на кој директно влијаеше врз конечниот резултат.

Саботниот меч против Џирона беше добра шанса за Мбапе да се запише во листата на стрелците, а откако го направи тоа, Килијан седнал на маса и со француски „Канал плус“, медиум пред кој се исповедал и за најболната епизода од трансферот во Реал Мадрид.

Килијан јасно му стави до знаење на ПСЖ дека не го продолжува договорот и дека ќе си оди како слободен агент, па во целата оваа игра, колатерална штета испадна неговиот брат Етан кој исто така доби лош третман за крај од претставниците на францускиот шампион.

Иако помладиот брат на Мбапе имаше испреговарано речиси се за нов договор, конечната одлука на Килијан направи ПСЖ да го „откачи“ и Етан, па така тој заврши во Лил како слободен агент во текот на летниот преоден рок.

Токму оваа разврска најмногу го повредила Килија, кој сега вели дека за жал неговиот брат бил жртва на валканите игри кои ги искористиле претставниците на ПСЖ.

– Епизодата со мојот брат Етан најмногу ме повреди и влијаеше врз мене. Неговиот Реал Мадрид беше ПСЖ, а јас индиректно му го одземав сонот. Во еден момент му кажав дека ќе продолжам нов договор и дека можеме уште малку да останеме заедно во ПСЖ. Ќе се откажев од мојот сон да одам во Реал Мадрид за него, не сакав тој да биде жртва во целата ситуација.

– Која е поентата да потпишете за најголемиот клуб во светот и да му ја уништите кариерата на својот брат? Сепак, Етан ми кажа дека ниту тој веќе не сака да остане во ПСЖ. Не беше задоволен од тоа што ми го направија мене и начинот на кој го третираа него. Рече дека тоа не е нормално. Ако ми кажеше дека сака да останам во ПСЖ, ќе се откажев од мојот сон и ќе останев уште малку во Париз, – открива Килијан.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни