Шпанија
Мбапе за мистериозниот гест кон навивачите на „Бернабеу“: Пораката беше едноставна (Видео)

Килијан Мбапе значително се поправи во изминатите два месеци и целосно го остави зад себе лошиот период кој го имаше во месец ноември, или поточно, извонредно се издигна по двата промашени пенали на натперварите против Ливерпул и Атлетик Билбао.
Французинот покажа карактер и самиот се предизвика да се прикаже во далеку подобро светло, а откако тоа почна да му успева со постигнати голови во противничките мрежи, сега доста помирно говори за својот статус во првиот тим.
– Ми беше потребно повреќе време, но истовремено знаев дека морам да понудам повеќе. Физички бев на добро ниво, но не дојдов во Реал за да играм добро само повремено. Еден добар месец не е доволно во клуб како Реал, тука треба да играте добро цела сезона.
– Не дека бев срамежлив на пчетокот, но едноставно не можев да дојдам со став дека тимот игра за мене. Не можев да им кажам на играчите „додајте ми ја топката, ова е мој тим“…… Морав да го променам трендот на крајот на месец ноември и среќен сум што сега работите изгледаат далеку подобро, – вели Мбапе, кој во најавата за мечот со Салцбург во Лигата на шампиони говореше и за својот гест кон навивачите на Реал.
Килијан не ја криеше фрустрацијата што навивачите на Реал го исвиркуваат Орелијан Чуамени на Куп натпреварот против Селта, па откако постигна гол, имаше мистериозен гест со кој јасно испрати забелешки за свирежите.
– Мојот гест беше многу едноставен. Го покажав грбот на Реал и побарав да бидеме сплотени. Сфаќаме дека навивачите можат да исвиркуваат, но потребни ни се сите мадридисти за да победуваме и да испишеме нова страница во историјата на овој посебен клуб, – порача Килијан.
🗣️ “Esto es el Real Madrid”
La celebración de Mbappé a la grada del Bernabéu haciendo honor al escudo. Estos son los jugadores que necesita este equipo.
— Ferrández (@ferrandez_) January 16, 2025
-
НБА14 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет12 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Италија24 часа
Интер го возврати ударот и му се „залепи“ на лидерот Наполи (ВИДЕО)
-
Шпанија10 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Франција10 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА9 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Балкан13 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Лига на шампиони14 часа
Белингам со спомени од минатогодишното четвртфинале со Сити: Бев умрен од страв, но…..