Поврзете се со нас

Франција

Мбапе за крајот на приказната во ПСЖ: Ме спасија двајца луѓе…

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Килијан Мбапе во новата сезона ќе го гледаме во дресот на Реал Мадрид, актуелниот шпански и европски шампион со кој потпиша договор на пет години.

Мбапе доаѓа како слободен играч на „Сантијаго Бернабеу“ и тоа по долгорочната епизода во ПСЖ која немаше среќен крај. Напаѓачот пред почетокот на кампањата 2023/2024 најави дека нема намера да потпише нов договор и дека ќе си замине од Париз, одлука која дефинитивно не беше прифатена најдобро од управата која го притискаше, го отстрани од првата екипа, ги пропушти турнеите во Јапонија и Јужна Кореја за да на крајот се смират страстите и Мбапе биде вратен во екипата, а потоа се е историја.

Ама тоа дефинитивно остави трага кај ѕвездата кој се отвори на темата сега кога е јасно дека ќе биде дел од Реал.

-Направија се да разберам дека нема повеќе да играм за ПСЖ (по одлуката која ја донесе). Ми кажаа право в лице, и доста насилно, па бев убеден дека нема да играм.

-Ме спасија Луис Енрике и Луис Кампос. Без нив, никогаш повеќе немаше да стапам на теренот. Затоа мојата амбиција беше поинаква оваа година. Беше под моите стандарди, но само играњето, спојувањето натпревари и освојувањето трофеи беше мојата најголема гордост, но следната сезона нема да се задоволам со таква сезона, -порача новата аквизиција на шпанскиот великан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни