Поврзете се со нас

Франција

Мбапе за календарот: Играме како во НБА, ама јас не смеам да пропуштам натпревар поради умор

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Килијан Мбапе реализирал интервју за магазинот „Џи-Кју“, а во него зборувал и за актуелните случувања на фудбалската сцена, вклучувајќи го и набиениот календар за него и колегите.

Французинот пресметал дека одиграл 63 натпревари за својот клуб и репрезентацијата во 2023 година, споредувајќи ја со една НБА сезона.

– Се приближуваме до НБА моделот, со 70 натпревари во сезона.

– Јас лично немам ништо против да играме многу натпревари, но реално нема да можеме да играме на потребното ниво на секој натпревар и фановите ќе бидат разочарани.

– Во НБА играчите не настапуваат секој натпревар и клубовите имаат можност да го намалат оптеретувањето, но замислете што ќе се случи ако јас изјавам дека сум уморен и нема да настапам следниот викенд. Навивачите си плаќаат чесно за билетите, имаат можност само еднаш да гледаат еден тим во текот на сезоната и очекуваат соодветен перформанс на фудбалерите, – рекол Мбапе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни