Поврзете се со нас

Лига на нации

Мбапе влезе во игра, воодушеви со експлозивниот спринт и спречи нов шок за Французите (Видео)

Објавено

на

Франција изгледа максимално незаинтересирано на стартот на новиот циклус во Лигата на нации, па така не забележа победа и на третиот одигран меч во својата група.

„Триколорите“ беа поблиску до пораз на гостувањето кај Австрија во Виена, но такво нешто на „Ернст Хапел“ стадионот спречи Килијан Мбапе кој влезе во игра во вториот дел.

Ѕвездата на ПСЖ беше поштедена поради повредата и влезе од клупата за резерви во вториот дел, но Французите живнаа само по неговото влегување во игра.

Килијан имаше неколку добри акции, но максимално профитираше кога доби простор од противниците и најдобро ја искористи својата брзина.

Мбапе направи двојна комбинација со Нкунку и доби топка во празно, а тогаш на дело се виде неговата страшна експлозивност и спринт, пред хируршки прецизно да ја смести топката во голот за 1:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни