Поврзете се со нас

Франција

Мбапе влезе и ја завери победата на ПСЖ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_Inside

Пари Сен Жермен продолжува да биде се поблиску и поблиску до одбрана на пехарот во Лига 1, шампионат каде вечерва го забележа 16. триумф во 22 натпревар во натпреварувачката 2023/2024.

„Светците“ беа подобри од Нант со 2-0 со два погодоци во второто полувреме. Резултатот го отвори дефанзивецот Ернадез во 60 минута, а пак трите бода ги завери резервистот Мбапе во 78 минута.

Имено Килијан влезе во игра во 62 минута на местото на Асенсио за да набрзо потоа биде прецизен при ударот од 11 метри.

Со вкупно 53 бода четата на Луис Енрике е на првата позиција со 14 поени повеќе од Ница.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни