Поврзете се со нас

Шпанија

Мбапе со порака: Го допрев дното, но сега…

Објавено

на

foto:x.com/elchiringuitotv

Килијан Мбапе беше доведен како големо засилување за Реал Мадрид за оваа сезона, па иако бројките покажуваат дека добро се снајде на „Сантијаго Бернабеу“ поради се што претходно имаше направено во досегашниот тек на кариерата се очекуваше повеќе, односно недостасуваше магијата во првите неколку месеци.

Имаше и има критики, коментари, но Французинот е смирен и верува дека доправ доаѓа најдоброто, односно дека веќе поминало најлошото.

-Можам многу повеќе. Знам дека имам многу повеќе во моите нозе. Во последните неколку натпревари играв подобро. Мечот во Билбао беше добар за мене, го допрев дното. Промашив пенал. Тоа беше моментот кога сфатив дека морам да дадам се од себе за овој дрес и да играм со повеќе карактер.

-Мислам дека се запознавме подобро. Дојдов во тимот и тоа менува многу работи, но сега, како што рече [тренерот Карло Анчелоти], мојата адаптација е завршена и се чувствувам добро. На теренот можеме да видиме дека подобро ги разбирам моите соиграчи, а целиот тим игра подобро, -порача Мбапе за Реал Мадрид ТВ.

Килијан има учинок од 14 голови и 4 асистенции на 24 натпревари во сите конкуренции за составот од Мадрид.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни