Поврзете се со нас

Шпанија

Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Килијан Мбапе вчера постигна два гола, со кои Реал Мадрид победи на незгодното гостување кај Вилјареал, а тој ефект му овозможи да се приближи и до еден клупски рекорд.

Французинот стигна до бројката од 31 гол во сите натпреварувања во дебитантската сезона во дресот на Реал, со што зад себе остави легенда како Бразилецот Роналдо, кој во сезоната 1997/98 реализираше 30 пати за „кралскиот клуб“.

Со оглед на бројот на натпревари кои допрва ќе се играат, Мбапе има реални шанси да ги остави зад себе и преостанатите тројца голгетери, кои се запишани во Топ 3 друштвото на најефикасни играчи во дебитантската сезона.

Пред Мбапе се уште Кристијано Роналдо и Руд ван Нистелрој кои постигнаа по 33 голови во својата прва сезона во Реал, како и актуелниот рекордер Иван Заморано.

Чилеанецот во сезоната 1992/93 постигна дури 37 погодоци, а престојот во Реал го заврши со 101 гол.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни