Поврзете се со нас

Франција

Мбапе со нова мајсторија ја најави Куп победата на ПСЖ (ВИДЕО)

Објавено

на

blank

Тимот на Пари Сен Жермен рутински го реши мечот против Брест од 1/16 финалето на Купот на Франција, а ѕвезда на вечерата одново беше Килијан Мбапе.

„Светците“ славеа со 3-0, а стрелец на два гола беше токму францускиот напаѓач и тоа во 9 и 73 минута. Токму првиот во првото полувреме беше уште една мајсторија, поточно доказ дека никогаш не треба да му се остави простор да тргне на отворено затоа што многу е тешко да се одбрани.

Имено домаќините изгубија топка на средината на теренот, Мбапе истата ја прифати ја измеше одбраната и испрати максимално прецизен и неодбранлив удар во мрежата на голманот на Брест.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни