Лига на шампиони
Мбапе со мајсторски потег до јубилеен гол и место во елитно друштво во ЛШ (Видео)
Реал Мадрид успеа прв да дојде до погодок на дербито со Аталанта во Лигата на шампионите, а дополнително добра вест за гостите е тоа што реализатор беше Килијан Мбапе.
Французинот со одличен потег си обезбеди простор за удар и успеа да го совлада Карнесеки, па Реал уште од 10. минута поведе со 0:1 на теренот во Бергамо.
Покрај тоа што испорача погодок за својот тим во важен момент, Мбапе стигна и до својот јубилеен, 50-ти гол во Лигата на шампионите.
50 Champions League goals for Kylian Mbappé 👏#UCL pic.twitter.com/3Gk6tnfxv1
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) December 10, 2024
Французинот обезбеди ваков голгетерски ефект на само 79 одиграни натпревари и стана вториот најмлад фудбалер (25 години и 356 дена) кој стигнал до оваа бројка во историјата на ЛШ. Пред него е само Лионел Меси, кој ја заокружи педесетката на 24 години и 284 дена.
Првото полувреме сепак не заврши на најдобар начин за Мбапе, бидејќи Французинот се пожали на повреда и беше повлечен од игра во 36. минута од средбата.
-
Англија20 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП14 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Репрезентација16 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија13 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Македонија22 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија13 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Германија17 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…