Поврзете се со нас

Франција

Мбапе со мајсторски погодок ја заокружи перфектната акција на ПСЖ (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Пари Сен Жермен го заборавија шокантниот пораз од Лориент и тоа со победа над Ним од 3-0.

„Светците“ не можеа да сметаат на неколку важни играчи, меѓутоа тоа не беше проблем за да дојдат до посакуваните три бода. Ди Марија беше „виновник“ за првите два гола, прво погоди во 18 минута за да потоа биде асистент при погодокот на Сарабија во 36 минута.

Најубавиот момент, најдобрата акција се случи во 68 минута кога домаќините одлично комбинираа, а точка со мајсторска реализиација стави Мбапе.

ПСЖ со 48 бода е на 3 позиција, Лион е втор со 49, додека лидер е Лил со 51 поен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни