Поврзете се со нас

Европски првенства

Мбапе со мајсторски погодок го надмина легендарниот Платини на вечната листа (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/equipedefrance

Килијан Мбапе долго ќе го памети гостувањето на Франција во Холандија и тоа поради неколку причини.

Самиот тој постигна два гола, што се покажа како доволно за победа на „триколорите“ на незгодното гостување, а со триумфот Франција го потврди настапот на ЕП 2024.

Мбапе истовремено со двата гола стигна до 42 погодоци во националниот тим и го надмина Мишел Платини на вечната листа на националниот тим на Франција.

Пред Мбапе сега е Антоан Гризман со 44 погодоци, пензионираниот Тјери Анри има 51, а рекордер е Оливие Жиру кој досега постигна 52 гола, но се уште може да го поправи својот ефект исто како и Гризман.

Вториот гол на средбата е вистинска мајсторија на Мбапе и јасно е зошто стана вирален меѓу фудбалските фанови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни