Поврзете се со нас

Франција

Мбапе со маестрален волеј ги воодушеви фудбалските фанови во Франција (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Килијан Мбапе не е во посакувана голгетерска форма од стартот на сезоната и доби доста критики по поразот од Милан пред неколку дена, но како и обично, напаѓачот реши своите одговори да ги дава на фудбалскиот терен.

Најголемата ѕвезда на ПСЖ го донесе својот тим во водство на гостувањето во Ремс уште во третата минута од натпреварот, а тоа го направи на начин кој е карактеристичен само за најголемите фудбалски мајстори.

Усман Дембеле испрати еден тежок центаршут од десната страна и се чинеше дека топката ја испраќа напамет, но таму навреме пристигна Мбапе кој потоа демонстрираше хируршка прецизност.

Мбапе на извонреден начин ја зафати топката и понуди дефиниција за тоа како треба да изгледа перфектен волеј, а овој погодок ја направи и главната разлика во првиот дел.

Мајсторијата на Килијан ги воодушеви фудбалските фанови, па аплаузи доби и од навивачите на Ремс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни