Поврзете се со нас

Франција

Мбапе со хет-трик го прослави новиот договор, Марсеј по една деценија се враќа во ЛШ

Објавено

на

Килијан Мбапе оваа вечер е во фокусот на вниманието на фудбалската јавност откако реши да остане во Пари Сен Жермен и потпише нов договор со клубот до 30 јуни 2025 година.

Оваа вест беше објавена непосредно пред лигашкиот дуел со Мец на кој Мбапе одлучи да има свое шоу, па учествуваше со хет-трик во триумфот од 5-0. Напаѓачот стрелаше во 25, 28 и 50 минута, а голови уште дадоа Нејмар и Ди Марија.

Монако беше на чекор да обезбеди директен пласман во групната фаза на ЛШ, но прими гол во 95 минута на гостувањето кај Ленс за конечни 2-2, резултат на кој му се израдува Олимпио Марсеј.

Марсеј на „Велодром“ го преслуша Стразбур со 4-0 со што дојде до 71 бод, второто место кое му гарантира европски фудбал на највисоко ниво по пауза од скоро една деценија. Имено некогашниот европски првак последен пат беше дел од ЛШ во сезоната 2012/13.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни