Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Мбапе со хет-трик го нокаутираше Сити, ПСЖ броеше до седум на „Паркот на принцовите“ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Натпреварите во вечерниот програм во Лигата на шампиони беа навистина ефикасни, бидејќи по 90 минути игра, видовме дури 14 погодоци.

Реал Мадрид само ја доработи задачата на „Сантијаго Бернабеу“ и потврди дека во овој момент е за две или три класи подобар тим од Манчестер Сити, а главен фактор на натпреварот беше Килијан Мбапе.

Французинот со хет-трик го нокаутираше се уште актуелниот англиски шампион и го испрати назад за Манчестер, по што стана јасно дека Реал Мадрид ќе го продолжи походот кон одбрана на титулата.

Трите гола на Мбапе најдобро ја отсликаа разликата во квалитет меѓу двата тима во овој момент, а Сити се што успеа да направи на крајот беше да постигне почесен гол.

Нико во судиското продолжение погоди за 3:1, па така Реал со вкупни 6:3 се пласираше во осминафиналето на Лигата на шампиони.

Во оваа фаза ќе го гледаме и ПСЖ, тим кој беше немилосрден и безмилосен против Брест, тим против кој постигна вкупно десет голови на два натпревари.

По почетните 0:3 на гостувањето, ПСЖ денеска броеше до седум на „Паркот на принцовите“, а стрелци на головите беа Баркола, Кварацхелија, Витиња, Дуе, Мендеш, Рамош и Мајулу.

Гол-шоуто на ПСЖ погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни