Поврзете се со нас

Европски првенства

Мбапе со еден збор го опиша својот разочарувачки настап на Европското првенство

Објавено

на

Foto:x.com/equipedefrance

Килијан Мбапе не постигна гол од игра и се претопи во сивилото на Франција кога е во прашање офанзивниот дел на ова Европско првенство, па навистина не чуди фактот што „триколорите“ беа поразени од Шпанија во полуфиналето.

„Црвената фурија“ покажа дека е повоигран и посплотен тим во овој момент и заслужено славеше со пресврт, а сосема очекувано, во француската јавност почнаа да се отвораат прашање за катастрофалната форма на најголемата ѕвезда.

Мбапе го одигра најслабиот турнир во својата кариера како француски репрезентативец, па капитенот по крајот на мечот во Минхен го опишал ова Европско првенство со само еден збор (неуспех).

– Мојот турнир беше неуспешен. Сакав да станам европски шампион со Франција и не успеав во тоа. Ова за мене ее неуспех, но таков е фудбалот. Мора да продолжиме да работиме, ова беше тешка година за мене и сега одам на одмор да се рехабилитирам. Добро ќе ми дојде одморот, не бев добар на Европското првенство и си одиме дома. Сега ќе одморам, а потоа почнува нов живот за мене, – изјави Мбапе.

– Шпанија беше подобра од нас. Ние поведовме и имавме шанса да се вратиме во мечот, не сум сигурен дека имаше толкава разлика во квалитет. Што се однесува до маската, добив зелено светло да играм без неа и ми беше дадено право да правам што сакам, – откри францускиот капитен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни