Поврзете се со нас

Франција

Мбапе си заминува од ПСЖ, сака нов предизвик во кариерата

Објавено

на

Килијан Мбапе иако има само 21 година важи за една од наголемите фудбалски ѕвезди на светот, па секој негов трансфер, заминување од една во друга екипа ќе биде вистинска „бомба“ на пазарот, големата сцена.

Токму такво сценарио за фудбалски земјотрес најавува „Тајмс“ кој од свои извори дознава дека Мбапе му порачал на ПСЖ дека оваа сезона ќе биде последна за него на „Паркот на принцовите“, односно дека неговата желба е да побара нов предизвик и си замине од Франција.

Ако е ова точно тогаш ова ќе биде проблем за „светците“ кои во Мбапе гледаат главен столб на нивниот проект, играч кој може да им донесе доминација, пехар во Лигата на шампионите. Килијан има договор до 2022 година што значи дека ако нешто не се промени во меѓувреме фрацускиот првак ќе биде принуден следното лето да го продаде напаѓачот ако сакаат да заработат пари за неговите услуги.

Како наредни дестинации за него се споменуваат секако Премиер лигата и Ла Лига, поточно Англија и Шпанија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни