Поврзете се со нас

Франција

Мбапе се восхитува на двајца спортисти и тие не се фудбалери

Објавено

на

Килијан Мбапе и сезонава ќе биде еден од главните адути на ПСЖ во битката конечно да се освои Лигата на шампионите, а во своето последно интервју францускиот репрезентативец зборувал на интересни теми.

Една од нив била и спортистите на кои најмногу им се воодушевува, а изборот паднал на двајца тенисери.

– Најмногу им се восхитувам на Рожер Федерер и Рафаел Надал. Тоа се двајца големи шампиони кои успеаја да останат на врвот долги години. Таквиот континуитет не е достижен за секого, – изјавил Мбапе.

Ѕвездата на ПСЖ открила дека е добар пријател со францускиот претседател, Емануел Макрон.

– Се гледаме од време на време, а тој ме поздравува по секој успех. Секогаш е задоволство да поразговарам со претседателот и да знам дека тој ме следи и ја почитува мојата пожртвуваност за клубот и репрезентацијата. Јас сум граѓанин како и секој друг и никогаш не сум пропуштил избори, – вели Мбапе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни