Поврзете се со нас

Европски првенства

Мбапе се појави со маска на тренингот на Франција (ФОТО)

Објавено

на

Foto:x.com/equipedefrance

Франција утре има важен меч против Холандија, дерби на Д групата на Европското првенство, дерби за кое неизвесен е Килијан Мбапе.

Мбапе заработи скршенина на носот на пресметката со Австрија и дефинитино ќе треба да оди на операција за да го санира проблемот, меѓутоа тоа ќе го направи по крајот на турнирот.

Ама без разлика на тоа неговиот настап беше под знак прашалник, но ако се суди по последните случувања би можел да заигра против „лалињата“.

Тој се појави со маска на тренингот на „триколорите“ што значи дека работите се движат во позитивен правец.

foto:x.com/equipedefrance

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни