Шпанија
Мбапе се израмни со Роналдо, Реал со пресврт до триумф над Леганес (ВИДЕО)

Одличниот Килијан Мбапе му донесе тешка победа на Реал Мадрид над Леганес во последниот натпревар од денешната програма од 29. коло во шпанската Примера.
„Кралевите“ важеа за апсолутни фаворити на ова соочување, но мораа добро да се испотат, да направат пресврт во второто полувреме за да дојдат до трите бода или во случајов триумф од 3:2.
Резултатот беше отворен во 32 минута од страна на Мбапе и тоа со удар од 11 метри, пенал кој донесе реакции кај шпанската јавност.
Шпански судии: Реал доби непостоечки пенал против Леганес (ВИДЕО)
По овој момент Леганес се врати во игра и тоа не само што се врати туку и го шокираше домаќинот затоа што од 33 до 41 минута постигна два гола преку Гарсија и Раба за компленет пресврт и позитива од 2-1 со која замина на пауза.
Веднаш на стартот на вториот дел четата на Анчелоти израмни на 2-2, резултат кој беше активен на семафорот до 76 минута која Мбапе погоди од слободен удар.
Со ова Французинот дојде до бројката од 33 погодоци со што се израмни со Кристијано Роналдо кога е во прашањ дебитанската кампања во дресот на Реал.
Mbappe has as many goals in his debut season with Real Madrid as Cristiano Ronaldo did 😳 pic.twitter.com/gdhJM3LyyP
— ESPN FC (@ESPNFC) March 29, 2025
Kylian Mbappé equals Cristiano Ronaldo’s debut season goal tally at Real Madrid with 33 goals.
It’s only March 😮💨 pic.twitter.com/OJ0Lm9edV9
— B/R Football (@brfootball) March 29, 2025
Клубот од Мадрид сега има 63 бода и е израмнет на врвот со Барса која утре игра со Џирона на Бојан Миовски.
-
Шпанија17 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
НБА16 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
НБА13 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони14 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Англија11 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Италија14 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)
-
Англија12 часа
Баптиста за договореното засилување на Челси: Тој е најдобриот играч…(ВИДЕО)
-
Македонија12 часа
Ќе биде жешко во Битола: Пелистер ги распродаде билетите за дербито со Вардар