Мбапе руши рекорди: Најмлад играч со постигнати 10 голови во Лигата на шампиони

mbape

Иако, ПСЖ не успеа да го победи на гостински терен Баерн Минхен и го доживеа првиот пораз во Лигата на шампионите оваа сезона, сепак фудбалската јавност остана импресионирана од играта која ја покажа младиот Килијан Мбапе, кој за утеха успеа да постави нов рекорд како најмлад фудбалер кој постигнал 10 голови во Лигата на шампионите. Тој до овој ефект дојде на возраст од само 18 години, 11 месеци и 15 дена, а му беа потребни 15 натпревари за овој учинок.

Инаку како за илустрација, претходно овој рекорд го држеше Бензема, кој постигна десет голови во Лигата на шампионите на 20 години и 10 месеци.

Facebook Коментари