Поврзете се со нас

Франција

Мбапе: ПСЖ е поголем од мене, јас само сакам…

Објавено

на

Килијан Мбапе беше на излезна врата од Пари Сен Жермен и се водеше натаму дека како слободен агент ќе потпише за Реал Мадрид и ќе го реализира неговиот сон, меѓутоа се случи вистински пресврт и тој го обнови договорот со „светците“ до 2025 година.

Ова беше големо изненадување за јавноста и пред се за сите во Мадрид во таборот на Реал кои со отворени раце го чекаат Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“. Меѓутоа се случи тоа што се случи, „кралевите“ ќе мора да одберат друг пат, други цели, додека пак Килијан ќе се обиде да испише историја со ПСЖ.

Во него се гледа како најважен играч на овој проект, но напаѓачот смета дека тој е само еден дел од сложувалката, поточно го става клубот над сите.

-ПСЖ ми е многу важен. Можеби немав доволно време да бидам доволно романтичен со фановите. Сакав прво да се претставам со настапи, но овој клуб ми значи многу, сите знаат. Само влегувам во овој проект, не бев во основата на проектот. Со сите промени што ќе се случат, ќе се случат големи работи.

-Клубот е на прво место. Ова не е мој проект. Пред мене и после мене ќе постои ПСЖ, само сакам да го донесам мојот камен во зградата, -порач напаѓаот за „БФМТВ“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни