Поврзете се со нас

Франција

Мбапе призна: Разговарав со Гризман, тој беше разочаран од одлуката на Дешамп

Објавено

на

Килијан Мбапе го одработи првиот прес како капитен на француската фудбалска репрезентација, а сосема очекувано, истиот беше доста турбулентен поради незадоволството кое се јавило во националниот тим за одлуката на Дидие Дешамп.

Всушност, станува збор за еден играч кој бил посебно разочаран, феноменалниот Антоан Гризман кој со години е дел од најсилниот тим на Франција, играч кој беше важен дел од Франција уште пред Мбапе да се пробие во најсилниот тим.

Мбапе денеска отворено говореше пред француските новинари и призна дека Гризман бил разочаран од одлуката на Дешамп, но дека сепак реагирал нормално откако тој решил директно да разговара со него за да ги расчистат сите работи преку дијалог.

– Добар капитен е оној капитен кој има влијание врз тимот, оној кој ги собира играчите и кој прави играчите да се зближат. Неделата мина добро, ми честитаа многу луѓе и навистина ми годи. Капитен може да биде оној кој има силен карактер, но јас ќе им дадам шанса за искажување на сите играчи. Кога селекторот доаѓа и ви кажува дека сакате да бидете капитен, веднаш го прифаќате тоа.

– Точно е дека Гризман беше разочаран. Разговарав со него и го разбирам. Такви реакции се нормални во фудбалот. Му кажав дека и јас ќе имав иста реакција како него. Тој најверојатно е најважниот играч во ерата на Дешамп во Франција. Јас не сум негов шеф и нема да глумам такво нешто. Ќе бидеме еден до друг, ќе работиме заедно и ќе носиме заеднички одлуки за овој француски тим да биде повторно на врвот. Кога тој ќе има нешто да каже на тимот, јас ќе седнам и ќе молчам. Нема да затворам врата на никого, секој има право да каже што мисли пред тимот, – објаснува Мбапе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни