Шпанија
Мбапе презема одговорност и им се обрати на навивачите на Реал по новиот промашен пенал (Фото)
Килијан Мбапе вторпат во низа промаши пенал на голем и важен натпревар кој го играше Реал Мадрид, а слично како на „Енфилд Роуд“, тоа влијаеше негативно врз тимот од шпанската престолнина.
Мбапе повторно доби шанса да изведе најстрога казна при резултат 1:0 за противникот, но овојпат беше прочитан од голманот на Атлетик Билбао и на тој начин само потврди дека игра без потребната самодоверба.
Иако Реал во продолжение израмни со погодокот на Белингам, огромната грешка на Валверде кулминираше со втор гол за победа на Атлетик, но по мечот сите очи беа вперени кон новото пенал промашување на главната ѕвезда.
Мбапе ги избегнал новинарите на „Сан Мамес“ и во прв момент не дал никаква изјава, но затоа се огласи преку социјалните мрежи со следната порака до навивачите на Реал.
– Лош резултат. Направив голема грешка во натпревар во кој секој детаљ беше важен. Ја преземам целата одговорност. Ова е тежок момент, но истовремено и најдобар момент за да ја променам оваа ситуација и да покажам кој сум, – порача Мбапе.
-
Светски првенства17 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија22 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија16 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Светски првенства17 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Шпанија21 час
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Германија22 часа
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)
-
Англија21 час
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Свет22 часа
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот