Поврзете се со нас

Франција

Мбапе пресече и го посочи клубот во кој ќе настапува наредната сезона

Објавено

на

Пари Сен Жермен денеска успешно реши уште еден контролен тест и тоа против Селтик кого го совлада со 4-0.

Еден од погодоците беше дело на Килијан Мбапе кој воедно ги расчисти сите дилеми за тоа каде ќе настапува во следната натпреварувачка сезона. Францускиот репрезентативец јасно порача дека кампањата 2020/2021 ќе ја мине во таборот на „светците“ што значи дека дефинитивно отпадна опцијата тој да го облече дресот на Реал Мадрид.

-Јас сум овде во Париз и сакам да бидам дел од проектот. Ќе бидам во ПСЖ во наредната сезона и ќе се обидам да освојам што повеќе титули.

-Јас сум во четвртата година од проектот. Oва е важна година, бидејќи е 50-годишнина од клубот, ова е важна година во очите на тимот, навивачите, ќе одам да се обидам да ги освојам сите можни трофеи и ќе се обидам да дадам се од себе, -порача Мбапе.

Актуелниот договор на Килијан со ПСЖ е со важност до 30 јуни 2022 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни