Англија
Мбапе повторно не реализираше пенал, Реал падна на „Сан Мамес“ (ВИДЕО)
Екипата на Реал Мадрид го претрпе вториот сезонски пораз во шпанската Примера и тоа на гостувањето во Баскија кај Атлетик Билбао.
Актуелниот шампион падна на „Сан Мамес“ и тоа во меч кој заврши со резултат 2-1 со три гола постигнати во второто полувреме. Се тргна од 53 минута кога Беренгер стрелаше за големо задоволство на сите домашни фанови.
Гостите добија шанса да се вратат во игра во 68 минута, но Мбапе не реализираше од 11 метри или поточно ова за Французинот беше втор промашен пенал во последните три натпревари. Реал сепак во 78 минута дојде до израмнување со голот на Белингам, но веќе во 80 Валверде направи една несвојствена грешка за него и му овозможи на Гурузета одново да го матира Куртоа и со тоа воедно донесе три бода за Билбао. (ТУКА можете да ги погледнете сите голови)
Сега Реал е на минус четири од лидерот Барселона, но има и натпревар помалку оној со Валенсија на „Месталја“. Баскијците со 29 поени се на четвртата позиција во Ла Лига.
-
Светски првенства15 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија21 час
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија15 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Светски првенства16 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Шпанија20 часа
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Англија20 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Свет21 час
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот
-
Германија20 часа
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)