Поврзете се со нас

Франција

Мбапе посочи што ПСЖ треба да направи за да ја освои титулата во ЛШ

Објавено

на

Францускиот првак Пари Сен Жермен оваа година беше многу блиску до остварување на големата цел, големиот сон-титулата во Лигата на шампионите, но „светците“ паднаа на последниот испит, финалето во Лисабон кое го загубија од Баерн Минхен со 1-0.

Меѓутоа клубот од Франција има намера и понатаму да се обидува да дојде до самиот врв, а за таа цел според Килијан Мбапе мора да се донесат паметни одлуки, доведат играчи кои ќе им овозможат да напредуваат, пораснат и триуфмираат во ЛШ.

-Секако дека сум оптимист дека ќе ја освоиме Лигата на шампионите. Мораме затоа што ако не веруваме во тоа, никој нема да верува за нас. Ова е фудбал и мора да го надминете. Многу екипи загубија финале и по една година подоцна триумфираа.

-Секако ПСЖ порасна со ова финале. Претходно ја имавме блокадата од четвртфиналето, сега тоа го надминавме. Мора да направите добар избор, мора да купите играчи. Се надевам дека ќе имаме добри засилувања и ќе можеме да ја започнеме сезоната со цел да бидеме уште подобри, -порача Мбапе за „Телефут“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни