Поврзете се со нас

Франција

Мбапе подготвен да ризикува, испрати јасна порака преку социјалните мрежи (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/equipedefrance

Килијан Мбапе го скрши носот на натпреварот против Австрија и мораше порано да излезе од игра, но иако првичните прогнози беа доста црни, лекарскиот тим на Франција и самиот фудбалер набрзо излегоа со смирувачки пораки.

Иако станува збор за непријатна фрактура, Мбапе е подготвен да ризикува и со скршеница да го доигра Европското првентво, по кое би направил хируршки зафат за целосно да го реши проблемот.

Дидие Дешамп откри дека Мбапе ќе мора да направи операција по крајот на турнирот во Германија, а наредните неколку дена ќе откријат дали ќе биде достапен за следните два меча во групната фаза.

Лекарскиот тим на Франција ќе треба да донесе одлука дали Мбапе е подготвен за настап, но судејќи по објавата која ја испрати самиот фудбалер, јасно е дека тој ќе направи се за да се најде на теренот.

– Нема победи без ризик, – порача Мбапе на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни