Поврзете се со нас

Шпанија

Мбапе по првиот хет-трик во Реал: Го кажав ова уште првиот пат, но сега е јасно како ден

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Килијан Мбапе речиси сам го победи Валјадолид и му донесе многу важна победа на Реал Мадрид во шпанската Ла Лига, триумф со кој „кралевите“ го искористија киксот на Атлетико Мадрид и се одлепија на „плус четири“ на табелата.

 Францускиот напаѓач постигна три гола во пресметката со Валјадолид и го запиша првиот хет-трик во етапата во Реал, па откако го направи тоа, се потсети на една од своите први изјави како член на „кралскиот клуб“.

– Уште првиот пат кога пристигнав тука, реков дека можам да играм на трите позиции во нападот. Ми беше потребно време да се адаптирам малку на тимот, но сега е јасно како ден. Можам да играм десно, можам да играм централно, а можам да играм и лево. Движењата ми испаѓаат природно и се подобро се чувствувам во друштво на моите соиграчи.

– Среќен сум за првиот хет-трик, но повеќе поради победата. Беше важно да се победи после киксот на Атлетико Мадрид во текот на денот.

– Требаше да одиграме добро, први постигнавме гол, па иако се мачевме на стартот на вториот дел, ние бевме тие кои први погодивме. Од тој момент добро го менаџиравме натпреварот и успеавме да постигнеме и трет гол, – изјави Мбапе.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни