Шпанија
Мбапе: Ова не значи дека сум поголем од Роналдо

Реал Мадрид издвојува важна победа над Вилјареал (2-1) во меч во кој во фокусот беше напаѓачот Килијан Мбапе.
Францускиот голгетер беше автор на двата гола за „кралевите“ со кои му овозможи пресврт на својот тим и освојување на трите бода на табелата кои донесоа и прва позиција во Примера.
Со ова Килијан дојде до бројката од 31 погодок во сите конкуренции со што зад себе остави легенда како Бразилецот Роналдо кој во сезоната 1997/98 реализираше 30 пати за великанот од Мадрид.
Мбапе е блиску и до Кристијано Роналдо (33), ама тој не се гледа како поголем играч од двајцата.
-Тие се легенди кои дефинираа ера. Тоа е важно, но се е до бројки. Ако постигнам повеќе голови од Роналдо и Кристијано, тоа не значи дека сум поголем, тоа само значи дека мојата прва сезона оди подобро. Важно е да помогнеме и да освојуваме титули. Давањето голови е важно, но уште повеќе ако ја освоиме Ла Лига, Лигата на шампионите и Копа Дел Реј, -порача ѕвездата на „лос бланкос“.
-
Македонија5 часа
Украинецот во елемент во клучен момент: Мајсторијата на Горига за победа на Вардар во Битола (ВИДЕО)
-
Англија16 часа
Тренерот на Кристал Палас откри дека посебно таргетирале еден играч на Арсенал
-
Шпанија18 часа
Анчелоти беснееше по играч на Реал, па веднаш го извади од игра: Ова не е театар! (Видео)
-
Шпанија12 часа
Тежок удар пред „Ел Класико“: Реал соопшти најлоша вест за Камавинга (Фото)
-
Германија15 часа
Баерн се откажува од талентираниот Шпанец за кој се крена голема врева пред 18 месеци
-
Италија17 часа
Инѕаги: Мора да му честитаме на Милан за тоа што ни го направи оваа сезона
-
Италија14 часа
Инѕаги беснееше по четвртиот судија и му забрани да покаже петминутно продолжение (Видео)
-
Македонија5 часа
Одличниот Вардар го урна Пелистер во Битола и сега е во пол-позиција за титулата