Поврзете се со нас

Франција

Мбапе: Отсекогаш повторував едно исто пред да го напуштам ПСЖ

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Килијан Мбапе во краток временски интервал ја освои втората титула како играч на Реал Мадрид, а исто како на Суперкуп натпреварот против Аталанта, Французинот беше стрелец и на финалето против Пачука на Интерконтиненталниот Куп.

Напаѓачот се запиша во листата на стрелците и ја најави сигурната победа на „кралскиот клуб“, па откако брзо се навикна да освојува титули како член на најуспешниот клуб во светот, Мбапе уште еднаш повтори дека Реал е единствената фудбалска љубов која можела да издејствува негово заминување од Париз.

– Минав извонредни седум години во ПСЖ и тоа беше голема чест за мене. Мислам дека не го кажував тоа доволно и го покажував со дела, но отсекогаш сум бил свесен од каде доаѓам и колку голем клуб е ПСЖ.

– Отсекогаш велев дека е најголем клуб во Франција и еден од најголемите во светот. Си заминав од таму само за да одам во најдобриот клуб во светот.

– Отсекогаш велев едно исто, повторував дека Реал е единствениот клуб поради кој ќе го напуштам ПСЖ. Ако немаше опција да одам во Реал Мадрид, ќе останев во ПСЖ до крајот на животот. Имав сон да играм таму и тој сон ми се оствари. Сега веќе не сум таму, но ги следам нивните натпревари како фан. Имам многу пријатели во тимот и мислам дека играат навистина добро во моментов, – вели Мбапе.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни