Мбапе откри каква била неговата реакција кога дознал дека ќе игра против Реал во ЛШ

mbape-zolt

Не е никаква тајна дека голем идол на Килијан Мбапе е Кристијано Роналдо, а судбината посака сензационалниот тинејџер во осминафиналето на Лигата на шампионите за противник да го добие играчот кој го гледа како голем пример, а воедно и тимот за кој навива од мали нозе.

Мбапе во неколку наврати јавно посочи дека има симпатии кон „кралскиот клуб“, но во месец февруари тој ќе биде една од најголемите закани за голот на актуелниот европски и светски шампион во друштво на Единсон Кавани и Нејмар.

Килијан сосема заслужено ја доби наградата „Златно момче“ пред извесно време, а денеска ја доби и „Телефут“ наградата од истоимениот медиум за кој даде и ексклузивно интервју по повод мега пресметката меѓу Реал и ПСЖ.

Младиот крилен напаѓач откри каква била неговата реакција откако дозна дека тој и неговите соиграчи ќе играат против Реал, а истовремено посочи дека сите во тимот веруваат во победа над актуелниот бранител на титулата во Лигата на шампионите.

– Мојата реакција беше многу природна, без разлика што некој мисли дека сум го прифатил поразлично епилогот од ждрепката. За да ја освоите Лигата на шампионите, мора да се сретнете со најсилните екипи, а Реал Мадрид е еден од најсилните тимови во светот. Тоа ќе биде огромна пресметка, мораме да го задржиме нивот на двата меча и да покажеме какви квалитети поседуваме. Ние ја претставуваме Франција во ЛШ и сите веруваме во елиминација на Реал. Ако не веруваме самите ние, тогаш нема што да бараме против Реал, – вели Мбапе за „Телефут“.

Facebook Коментари