Поврзете се со нас

Франција

Мбапе откри како точно се изговара негово презиме и изненади многумина (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Килијан Мбапе направи опширно интервју со новинарката Елиз Лусет кое беше специјално емитувано на крајот на минатата недела, но извадоци од долгиот разговор се уште се доста интересни за јавноста во Франција.

Мбапе прерасна во најголема фудаблска ѕвезда во својата родна земја и се претвори во идол на новите генерации, меѓутоа шармантната Елиз забележала дека голем број од фудбалските фанови сосема погрешно го изговараат неговото презиме.

Килијан доби за задача точно да го изговори своето презиме, по што слободно може да се каже дека цела европска јавност малку погрешно го изговара со години наназад.

– Не, не, тоа е погрешно……

– Би имал многу работа ако треба да ги поправам сите што погрешно го изговараат моето презиме. Треба да биде Килијан Бапе, без апостроф на почетокот, – открива ѕвездата на ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни