Поврзете се со нас

Европски првенства

Мбапе од стадионот директно во болница, Дешамп ги потврди лошите вести (Видео)

Објавено

на

Франција отвори со победа на Европското првенство во Германија, но првиот меч против Австрија ќе се памети и по еден непријатен момент, кој сега ја става во неизвесност цела француска спортска јавност.

Капитенот Килијан Мбапе се заби во Кевин Дансо и си го измести носот од рамото на противникот, па ако се обиде да се врати на мечот, на крајот го напушти теренот и беше очигледно дека не може да продолжи.

Последните вести од Франција велат дека Мбапе има дислокација на носот, па поради тоа од стадион експресно бил пренесен во болница.

Ова го потврди селекторот Дидие Дешамп, кој не исклучи можност и Мбапе да стави крај на шампионатот во Германија доколку медицинските резултати се најнеповолни.

– Неговиот нос не изгледа воопшто добро и ќе видиме што ќе се случи. Тоа е црна дамка од оваа вечер за нас. Немам прецизни детали, а бидејќи не знам како ќе се одвива заздравувањето, се одлучувам да молчам.

– Франција секогаш ќе биде подобар тим со Мбапе. Ако на крајот испадне дека вестите се најлоши, ќе се бориме на турнирот и без него. Килијан е Килијан и со него секој тим е далеку подобар, – изјави Дешамп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни