Поврзете се со нас

Свет

Мбапе објасни зошто побарал измена од Дешамп пред пенал рулетот

Објавено

на

Foto:x.com/equipedefrance

Франција без постигнат гол од игра се пласираше во полуфиналето на Европското првенство, па иако е евидентно дека има проблеми во офанзивниот дел на „триколорите“, тимот на Дидие Дешамп се уште е во игра за престижната титула.

Натпреварот меѓу Франција и Португалија заврши со најнепопуларен резултат и покрај зрелите шанси на двете страни, а во такви услови, на крајот решаваа пеналите.

Интересно, Дешамп извади добар дел од поискусните играчи пред пенал рулетот и еден од нив беше и Килијан Мбапе, што всушност направи ова да биде една од најкоментираните одлуки на селекторот.

По крајот на мечот и победата на Французите во пенал серијата, Мбапе самиот призна дека побара измена од Дешамп во 105-та минута, бидејќи едноставно се почувствувал преизморен за да им помогне на соиграчите.

– Многу сме среќни, многу е тешко да повторувате вакви перформанси на секои две години, но се уште сме живи. Ќе се обидеме да се опоравиме и да бидеме најподготвени за мечот со Шпанија.

– По истекот на регуларните 90 минути, имавме разговор со Дешамп. Рековме дека ќе се обидеме да играме уште некое време, но на паузата меѓу двете продолженија, сам му реков дека веќе не се чувствувам добро. Бев изморен и не можев да останам на теренот, – откри Мбапе кој со многу емоции го доживеа пенал рулетот од кој Франција излезе како победник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни