Поврзете се со нас

Франција

Мбапе објасни зошто игра многу подобро за Франција отколку за ПСЖ

Објавено

на

Foto:twitter.com/equipedefrance

Килијан Мбапе постигна одличен гол во свој карактеристичен стил против Австрија и ја најави победата на Франција од 2:0, но по натпреварот, даде една изјава која сигурно нема да наиде на одобрување од страна на тренерот на „светците“.

Младиот напаѓач беше вклучен во многу офанзивни акции синоќа на „Стад де Франс“ и опасно ги нанижуваше противниците од левата страна, па тоа беше доволно за да заклучи дека во француската селекција има многу поголема слобода и поради тоа изгледа подобро вклопен отколку со Меси и Нејмар во нападот.

– Играм многу поразлично кога сум со Франција. Тука се бараат други работи од мене во споредба со она што го бараат во клубот.

– Тука имам многу поголема слобода во играта, тренерот се потпира на класична 9-ка како Жиру и јас можам да барам шанса во простор.

– Во ПСЖ бараат од мене други работи, се бара да играм повеќе како пивот и затоа изданијата ми се многу поразлични во последно време,- објаснува Мбапе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни