Поврзете се со нас

Франција

Мбапе: Никогаш нема да доживеам нешто слично, но сега ме чека нешто фантастично

Објавено

на

Foto:x.com/PSG_English

Килијан Мбапе освои трофеј на својот последен натпревар како играч на ПСЖ, а најголемо внимание привлече неговиот завршен поздрав со луѓето за кои се велеше дека има нарушен однос.

Французинот емотивно се прегрна со Луис Енрике по освоениот трофеј во Купот и двајцата со реакциите покажаа дека имаат одлична конекција, а за време на доделувањето на медалите, Килијан имаше поздрав и прегрнување со Ал Келаифи, иако истиот беше доста поладен од оној со Лучо.

Мбапе го напушта ПСЖ и повеќе од веројатно е дека ќе го засили Реал Мадрид, но љубовта и емоциите кои ги доживеа во Париз, Килијан тврди дека секогаш ќе останат дел од него.

– Тоа што го имав тука нема да го најдам на ниту едно друго место, но пред мене се фантастични работи, – изјави Мбапе кој постигна 256 гола на 307 натпревари за ПСЖ.

– Се надевам дека фановите ќе стојат зад тимот и дека ќе го поддржуваат ПСЖ и следната сезона. Јас се обидов да го променам менталитетот, пробав да влијаам врз младите. Им пренесов желба да триумфираат тука и да го дадат најдоброто за ПСЖ. Секогаш целта ми беше да бидам инспирација за помладите, – изјави Мбапе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни