Поврзете се со нас

Франција

Мбапе: Не знам дали ПСЖ е најдоброто место за мене

Објавено

на

Килијан Мбапе го очекува првиот настап со Франција на актуелното Европско првенство, но во меѓувреме мора да одговара и на постојаните прашања поврзани со неговата иднина.

Фудбалерот на ПСЖ е поврзуван со трансфер во Реал Мадрид, иако раководството на францускиот клуб инсистира дека ќе остане во Париз, а последната изјава не исклучува промена на средината.

– Мора да ја донесам вистинската одлука, што е навистина тешко и затоа нема да брзам.

– Во моментов сум во тим каде се чувствувам добро. Но, дали тоа е најдоброто место за мене? Се уште го немам одговорот,

– Знам дека проект со или без мене прави голема разлика за ПСЖ, но тие ги разбираат моите потреби, – изјавил Мбапе за „Франс футбол“.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни