Поврзете се со нас

Европски првенства

Мбапе не смее да ја носи „триколор“ маската на дуелот со Холандија

Објавено

на

Foto:twitter.com/equipedefrance

Килијан Мбапе заработи скршеница на носот во победата на Франција во дуелот со Австрија, но се чини дека најголемата француска ѕвезда го избегна најлошото сценарио и ќе може да им помогне на колегите од националниот тим на најважните натпревари.

Во меѓувреме, Мбапе излезе во јавноста со најава дека ќе носи заштитна маска во боите на француското знаме, но правилата на УЕФА нема да му дозволат такво нешто при евентуална минутажа на денешното дерби со Холандија.

УЕФА дозволува само еднобојна заштитна маска за носот и поради тоа Мбапе ќе мора да ги почитува правилата и да заборави на комбинациите околу дизајнот на истата.

Француските медиуми најавуваат дека новиот фудбалер на Реал Мадрид нема да биде во стартниот состав против Холандија и може да добие минутажа само како резервист во второто полувреме.

Поголеми се шансите Мбапе да биде во стартната постава на Франција веќе во вторник, кога светскиот вицешампион ќе се соочи со Полска во последниот натпревар од групната фаза.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни