Поврзете се со нас

Шпанија

Мбапе не постигна гол на дебито на „Бернабеу“, но ја гледа само добрата страна од приказната

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Реал Мадрид одигра потпросечно прво полувреме против Валјадолид и не можеше да пронајде решение во нападот, а особено невоиграни изгледаа Килијан Мбапе и Родриго кои имаа неколку погрешни додавања и некоординирани движења во завршната третина.

Таа ситуација се поправи во вториот дел, па иако ниту еден од ударното трие не учествуваше во трите постигнати гола, навивачите на крајот се израдуваа на сигурната победа од 3:0.

Резервистите Брахим Дијаз и Ендрик ја завршија работата и се погрижија за мирно попладне на „Сантијаго Бернабеу“, стадион на кој навивачите вчера за првпат во акција го видоа Мбапе.

Килијан првпат настапи во домот на „кралевите“ во белиот дрес, па иако мечот не го заврши онака како што замислуваше, сепак ги извлече само позитивните работи.

– Играњето на „Бернабеу“ во дресот за Реал е голем момент за мене. Бев многу среќен, бев стартер на „Бернабеу“, го добивме мечот и освоивме три бода. Се на се, ова беше голема вечер за мене и за тимот.

– Видов дека навивачите се радуваа на моето деби во домот на Реал, најважно е што победивме, тоа секогаш носи насмевка на лицата на навивачите. За мене е сон да играм на овој стадион и сега ќе одиме во нови предизвици. Имаме нов меч за неколку дена и одиме на нова победа, – изјави Мбапе.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни